Хитлер и Ева Браун станале љубовници во 1932-ра година, но никогаш не биле видени во јавноста, а Германија не била свесна за неговата врска со неа се до Втората светска војна.
Мартин Амис, англиски романописец, есеист и писател на новели, верува дека нацистичкиот лидер бил асексуален и „толку оспеднат со чистина“, што Ева ја држел на дистанца и во текот на сексуалниот однос.
Адолф Хитлер веројатно имал секс со Ева Браун без допирање или соблекување на облеката, тврди овој автор. Амис на фановите на Фестивалот на литература во Челтенам им кажал дека и ден денс сексуалноста на Хитлер е како „црна дупка“.
„Сексуалноста е еден од начините на кој ги распознаваме луѓето околу нас. Тоа што знаеме дали е некој оженет или геј, или нешто трето, тоа е нешто по што ги распознаваме тие луѓе. Не сакам да ги упростувам работите, но една од причините поради која Хитлер е непрепознатлив, би можела да биде сексуалната празнина. Кога се во прашање Сталин и Мао, тука постои одреден образец кој се однесува на голем апетит, но кај Хитлер тоа не постои“, рекол Амис.
Амис верува дека постојат три школи на мислења за сексуалноста на Хитлер.

Едната теорија е дека бил нормален. „Дали можете да го замислите Хитлер во нежна предигра? Дали ви се чини како внимателен љубовник? Јасно е дека оваа теорија можеме веднаш да ја отфрлиме“, тврди овој автор. Другата теорија се однесува на асексуалност, а третата на перверзија.
„Меѓутоа ние всушност немаме никакви траги во врска со неговата сексуалност – покрај тоа што не сакал да ја соблекува својата облека дури ни за лекарски преглед и дека бил опседнат со чистина“, тврди Амис.
Ева Браун имала своја соба во неговата резиденција во Берлин и многумина мислат дека парот никогаш не спиел заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



