| четврток, 6 декември 2018 |

Сончево време и утре

Во текот на утрешниот ден во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 27°C. Во вечерните часови ќе има појава на слаба магла.

esen-sonce

Во среда во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 28°C.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top