Фудбалската репрезентација на Албанија утревечер и гостува на Србија во Белград, во рамките на квалификациите за ЕП 2016.
Во изминатиот период е присутна тензија откако албански навивачи најавија доаѓање во Белград, а српските власти најавија остри мерки против сите Албанци што ќе пристигнат во српската престолнина. Двете фудбалски се договорија да нема организирано гостување на сите симпатизери на двете репрезентации.
Ваквата ситуација дополнително ја подгреа косовскиот бизнисмен Бесник Бенз, сопственик на компанијата „Бенз Универзал“, кој на албанските репрезентативци им ветил премија од неверојатни еден милион евра, доколку ја совладаат Србија.
Тој за косовските медиуми изјавил:
„Ветувам дека во случај на наша победа ќе уплатам еден милион евра како премија, а исто така ги повикувам и другите стопанственици да ме поддржат, како и навивачи на мечот против Србија“, пренесува српскиот портал „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



