| четврток, 6 декември 2018 |

Села ја „ситни“ ДПА на Тачи

Струшкиот градоначалник Зијадин Села продолжи со формирање на паралелни партиски ограноци во ДПА, по недоразбирањата со претседателот Мендух Тачи.

Паралелно со Изборниот Конгрес на партијата, на кој Мендух Тачи доби доверба да биде лидер на ДПА, Села го продолжи процесот на привлекување на членови од партијата, а вчеравечер во Сарај за претседател на Советот за реформи беше именуван Ќерим Мамути.

Зијадин Села најави дека ќе го тужи Тачи за прекршување на партискиот статут поради организирање на Конгрес предвреме. Според струшкиот градоначалник  притоа не  е почитуван статутот. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top