| четврток, 6 декември 2018 |

Миа Костова во провокативно издание (фото)

Дизајнерката Ивана Кнез ја претстави својата најнова колекција „Лили“, инспирирана од познатата руска драма, Галеб, чиј заштитен лик е наша позната водителка.

– Ова е колекција инспирирана од познатата драма Галеб на маестралниот Чехов. Тоа е всушност последниот проект на кој соработував со Билјана Радиноска, режисер и личност која ја почитувам многу и често знае да ме инспирира од костимот да направам цела колекција. Колекцијата „Лили“ е изработена од рециклирана кожа и пердуви, кристали и камења. Тежнее кон длабочина на перспективни емоционални искуства и искрени животни приказни – изјави Ивана Кнез.

mia.jpg500

Заштитно лице на последното ремек дело на младата и талентирана дизајнерка е познатата водителка Миа Костова.

– Неверојатната креативност на Ивана, преку објективот на Чулиќ и мајсторијата на Даниел за мене беа најлесните 2 часа поминати на сет. Уживав во секој момент како што уживам и во новата колекција на Студио Драма. Драма е да се работи со оваа екипа – изјави Миа Костова.

3mia.jpg500

Зад објективот стоеше фотографот Жарко Чулиќ, а визажистот Даниел Николовски беше задолжен за шминката и фризурата на Миа.

– Миа е прекрасна жена и врвен професионалец исто како и преостанатите членови од екипата која работеше на оваа колекција. Прекрасно и ретко е искуството кога еден едиторијал се одвива безпрекорно, кога не се потребни многу зборови затоа што тимот соработува повеќе и од одлично, иако ова е првпат да работиме ние четворица. Даниел е наш етаблиран визажист со кого ми претставува огромна чест да соработувам на проекти од ваков тип, а за Жарко доволно е само да кажам дека следната година Студио Драма и овој неверојатен фотограф навршуваат пет години заедничка соработка – додава Кнез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top