Приказната за фудбалерот на Естонија, Артур Пик, го обиколи светот. Пик доби еднодневен излез од војска за да игра за репрезентацијата против ѕвездите на Англија, Вејн Руни, Џек Вилшер, Дани Велбек, а потоа морал да се врати на рапорт.
Артур Пик досега имаше само пет минути настап за националниот тим, но по повредата на стандардниот лев бек Таијо Тенисте и црвениот картон што го доби Кен Каласте против Литванија, селекторот Магнус Персон одлучи да го повика војникот Артур Пик.
– Беше многу тежок меч, посебно за мене, затоа што во армијата и редовно не можам да тренирам. Играв против Руни и другите англиски репрезентативци, а потоа морав да се вратам до полноќ во касарната и да станам во шест часот наутро. Но, секако, ова за мене е едно големо доживување – изјави Артур Пик.
Воената обврска во Естонија е задолжителна и трае осум месеци, додека врвните спортисти имаат привилегија и мора да ја исполнат должноста само три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.