| четврток, 6 декември 2018 |

Курдите тврдат дека ја враќаат загубената територија

kurdi kobaneКурдските борци ги оствариле првите успеси во битката за градот Кобани, на сириско-турската граница затоа што, освен што ги сопреле нападите на џихадистите од Исламската држава, успеале и да продрат во индустриската зона североисточно од градот и да навлезат во подрачје југозападно од Кобани, извести агенциајта ДПА повикувајќи се на курдски официјални лица и на сириската опсерваторија за човекови права.

Претставникот во градската влада, Идрис Насан, изјавил дека по жестоките пресметки во текот на ноќта, борците на курдската единица за народна заштита влегле во економската зона присилувајќи ги борците на ИСИЛ да се повлечат.

Сириската опсерваторија за човекови права јавува дека Курдите освоиле две позиции на ИСИЛ јужно од градот, а во последните 48 часа убиле 138 џихадисти.  Оваа невладина организација, исто така, јавува дека Курдите напредувале на бојното поле по интензивните воздушни удари на меѓународната коалиција предводена од САД на позициите на Исламската држава источно и јужно од градот. И додека борбите продолжуваат, водачите на сириските Курди договориле средба со водачот на ирачките Курди во градот Ербила за да разговараат за премостување на јазот меѓу двете фракции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top