Денес е тешко да се пронајде лице што нема профил на социјалните мрежи, а кога ќе го пронајдеме, обично се прашуваме што не е в ред со него. Ако запознаете фраер што не користи Фејсбук – задржете го. Ова се предностите на дружењето со маж што не користи социјални мрежи.
Ќе ви се јави
Тој со порака на фејсбук, со лајк или со „боцкање“ нема да ви каже дека му се допаѓате. Тој ќе го земе телефонот и ќе ви се јави, што значи дека нема потреба за дешифрирање на она што сакал да го каже во пораката.
Ќе ви се посвети во целост
Сите знаеме дека социјалните мрежи се како дрога, а најлошата работа е што таа дрога е постојано достапна. Ако не сакате момче што сред разговор прави пауза за да провери што има ново на фејсбук, маж што нема контакт со социјалните мрежи е идеален избор за вас.
Не бара внимание
Барем не толку колку типичниот корисник на социјалните мрежи. Лушето од фејсбук навикнале секој нивен чекор да се одобрува, а ако не сакате партнер што ќе направи сцена само затоа што вербално не сте „лајкнале“ некој негов потег, тоа е само причина повеќе да се одлучите за некој што не е опседнат со социјалните мрежи.
Нема караници предизвикани од социјалните мрежи
Се сеќавате ли на времето пред фејсбук, кога сите караници беа ограничени на работи што се случуваат во реалниот живот? Тоа одамна повеќе го нема бидејќи секој статус е нова шанса да се карате. Кој е оној што те додаде за пријател? Зошто ти ја „лајкнува“ секоја слика? Ваквите караници со момчето без социјални мрежи нема да имате бидејќи него го интересираат само вистинските проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.