| четврток, 6 декември 2018 |

Кино „Кисела Вода“ ќе биде готово до крајот на 2015 година

kino kisela voda 4 (Custom)

Реконструкцијата на киното „Кисела Вода“, односно Домот на културата каде што порано беше сместено ова кино, ќе биде готова до крајот на 2015 година кога скопската општина треба да прослави 60 години од постоењето.

Ова беше најавено денеска по работната посета на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

kino kisela voda 3 (Custom)

– Сакам да изразам огромно задоволство околу почитување на динамиката во однос на изградбата. Направено е и повеќе од она што е планирано досега. Завршени се првата и втората фаза, сега следува бетонирање и поставување челична конструкција. Овој објект ќе биде од огромно значење за сите граѓани во Кисела Вода. Со изградбата на овој мултимедијален објект ќе има најразлични содржини и побогата културна понуда во Кисела Вода. Проектот се наоѓа во програмата и на Владата и на Министерството за култура и во соработка и заедничко инвестирање со Општината Кисела Вода планираме објектот до крајот на 2015 година да биде целосно завршен, токму кога се одбележува голмиот јубилеј од постоењето на општината. Финансиите се обезбедени и оваа година во буџетот на Министерството за култура – изјави Канческа-Милевска, која искажа голема благодарност до Беличанец-Алексиќ за огромното залагање за изградбата на овој објект, како и до целиот тим.

kino kisela voda 1 (Custom)

 

Во Домот на културата ќе има сала со 170 седишта, мултимедијален простор, библиотека, читачка сала која ќе биде сместена во приземјето.

– Идејата беше што поскоро да се затвори објектот за да може во зимските услови градежните работи да се одвиваат внатре во објектот, за да се стигне со реализација до крајот на 2015 година бидејќи тогаш Кисела Вода слави 60 години од постоењето на општината. Оваа најстара општина заслужува еден ваков репрезентативен објект со оглед на фактот дека има над 70 илјади жители. Очекуваме овој простор во иднина да биде заживеан, онака како што заслужува. Веќе имаме првични идеи како би функционирал – изјави Билјана Беличанец-Алексиќ.

kino kisela voda 2 (Custom)

фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top