| четврток, 6 декември 2018 |

ИВЗ огорчена поради насилството

ivz

Исламската верска заедница ги осуди последните насилни протести во Скопје и изрази огорченост поради насилството на маскирани хулигани против деца.

Исламската заедница е загрижена од појавата протести да организираат непознати организатори и што во нив се уништува приватен и општествен имот. ИВЗ особено се противи на злоупотребата на верските објекти како место за собирање за протести.

– Апелираме до сите политички партии да не ги злоупотребуваат верските објекти и кампањата да ја водат во мирна и демократска атмосфера, почитувајќи ги демократските правила, без навреди, водејќи сметка да не се нарушуваат, прво меѓучовечите, а потоа и меѓуверските и меѓуетничките односи – се вели во соопштените од кабинетот на поглаварот на ИВЗ, реис ул-улема Сулејман Ефенди.

ИВЗ, исто така, бара од органите на редот обелоденување на сите случаи на насилство и вистинските сторители да бидат изведени пред правните органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top