Женската одбојкарска репрезентација на САД синоќа се закити со златниот медал на Светското првенство во одбојка што се играше во Италија. Иако не важеа за главни фаворити за освојување на најсјаното признание, Американките во финалето супериорно ја победија репрезентацијата на Кина со 3-1 (27-25, 25-20, 16-25, 26-24) во сетови.
По големата борба, која е својствена за кинеските репрезентативки, и за кои нема загубена топка, Американките одиграа голем натпревар и по двете сребрени и бронзени медали заслужено се закитија и со златен медал. Кинеските не успеаја да направат хет-трик во освоени златни медали по тие во 1990 и во 1998 година.
Во голема борба за третото место најголемиот фаворит за тронот, Бразил, со 3-2 ја совлада домашната селекција на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.