| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го уништи православниот објект во Косово?!

78796E1F2415E34D8DD0EB6F1BBDEA3D

Полицијата од косовскиот град Пеќ сѐ уште нема идентификувано лица кои ги напишале графитите на помошните објекти на манастирскиот комплекс „Високи Дечани“.

– Сѐ уште немаме осомничени, но водиме интензивна истрага за расветлување на случајот – потврдил за косовските медиуми регионалниот полициски портпарол Џеват Ибрај.

 Инаку, на помошните објекти на манастирскирот комплекс сѐ уште непознати лица напишале графити ИСИС (Исламска држава Ирак и Сирија), Калифатот доаѓа, УЧК (Ослободителна војска на Косово), АКШ (Албанска национална армија). Овие, како и графити на арапски јазик, се напишани со црвена и со црна боја.

 Фотографиите со напишаните графити вчера ги објавил игуменот на манастирот, Сава Јањиќ, на социјалната мрежа „Твитер“.

 Чинот на пишување на овие графити ескпресно го осуди претседателката Атифете Јахјага. Таа искажува остра осуда за овој вандализам врз имотот на манастирот во Дечани и го смета за грозен и неприфатлив чин.

 Според неа, вандализмот врз еден споменик на културното наследство, споменик од од верски карактер, не придонесува во изградбата на довербата меѓу заедниците и е во спротивност со вредостите на меѓуверската и меѓуетничка толеранција кои се втемелени во косовската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top