| четврток, 6 декември 2018 |

Убедлив пораз на МЗТ во Подгорица

МЗТ Скопје го забележа вториот пораз во рамките од АБА лигата, откако синоќа доживеа дебакл на гостувањето во Подгорица кај Будуќност кој славеше со убедливи 96-69.

Екипата на Будуќност кон крајот на првата четвртина создаде двоцифрено водство, кое континуирано го зголемуваше се до самиот финиш на мечот.

Најефикасни во екипата на МЗТ беа Иван Маринковиќ со 17 и Александар Цветковиќ со 13 поени, додека кај домаќините најдобар на мечот беше Владимир Дашиќ со 15 поени.

Во составот на МЗТ Скопје на овој меч недостасуваше Грузиецот Ѓорѓи Цинцадзе кој поради болки во коленото не беше во можност да настапи.

МЗТ со една победа и два пораза е деветти.

Во среда МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Фени Индустри во меч од првото коло од домашното првенство, додека во сабота го пречекува тимот на Шолнок во рамките од АБА лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top