Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во галерискиот простор при Домот на Армијата, утре во 20 часот ќе ја отвори изложбата„Експериментален цртеж 2014“.
На изложбата ќе се претстават ликовни автори, членови на Друштвото од цела Македонија. Изложбениот концепт на проектот „Експириментален цртеж“ претендира да го разработи процесот на револуционерното отстапување од интстутционалната вредност на цртежот и неговото ограничување на хартијата како фундаментален поддржувачки материјал, со цел да ја предизвика веќе прифатената дефиниција за негова презентација како едноставно дело на хартија. Селектираните дела ги трасираат основите на современиот цртеж почнувајќи од развој на линијата на пикторијален план, до неговите дигитални модификации. Во оваа селекција ќе бидат прикажани цртежи кои можат да бидат дефинирани и како копродукт на други видови креативни процеси, ставајќи го акцентот на неговата интердисциплинирана, когнитивна, перформативна или комуникативна функција, велат од ДЛУМ.
Изложбата е поддржана од Град Скопје и ќе трае две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


