| четврток, 6 декември 2018 |

150 агенти на КГБ пристигнаа во Белград

il-96-300pu_018

Сто и педесет агенти на КГБ пристигнале во Белград со три авиони, како претходница на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија по повод ослободувањето на Белград.

Според рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, Путин пристигнува во Белград на 16 октомври за да учествува на воената парада по повод 70 години од ослободувањето на градот, каде што ќе има обраќање. Чепурин го оценува настанот како позитивен и извонреден.

– Главно е да се почувствува позитивно усмерување и поддршка на Србите. Српските пријатели ја очекуваат и ја поздравуваат посетата на Путин. Посетата има симболична и позитивна смисла и за Србија, и за Русија и за ЕУ – изјавил Чепурин.

Според него, рускиот претседател не носи во Белград никакви ултиматуми, ниту специјални барања.

– Разбирлива е тежината на Србија кон ЕУ. Светот се глобализира. Ова не е избор „или-или“, ако се приклучиш на ЕУ, ќе бидеш против Русија и обратно, ако соработуваш со евроазиската економска унија, тогаш си против ЕУ. Таа логика не е правилна – додава рускиот амбасадор.

Српските медиуми пишуваат дека Путин доаѓа во Србија со авион од типот IL-96-300PU (M1) – PU, вреден 150 милиони долари кој изобилува со скапоцени камења. Во него тој може да ги извршува сите државнички обврски исто како да е во Кремљ. Рускиот претседател има на располагање вкупно четири речиси идентично опремени авиони кои имаат вградено системи за зголемен домет, како и опрема за командување со вооружените сили во услови на нуклеарна војна. Тоа значи дека Путин може да има целосна контрола над атомскиот „штит и меч“ дури и ако сите останати командни места се уништени. Со посебен авион се пренесува неговиот специјален автомобил „мерцедес С600 пулман гард“. Во негова придружба се 30 автомобили и 10 мотициклисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top