| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно што сѐ направила за да избега од џихадистите

jazidi vo begalski kamp

Петнаесетгодишна девојка, која била една од стотината Јазиди кои муџахедините ги киднапираа од нивните домови на планината Синџар во Ирак, успеала да побегне на неверојатен начин за потоа нејзината приказна да ја раскаже за „Асошиејтед прес“.

Девојката, како и многу други, е продадена како робинка, по што била силувана. За разлика од своите сестри, таа успеала да избега.

Откако била киднапирана од семејниот дом, заедно со други жени е одведена во градот Тал Афар, каде што ги држеле во затвор сѐ додека не почнале американските воздушни напади на цели на ИСИЛ. Потоа ги одвеле во Мосул, а потоа во градот Рака, кој се смета за престолнина на Исламската држава, каде што биле продадени како робинки.

– Бев продадена во Сирија. Пет дена бев со своите сестри. Една од нив подоцна повторно беше продадена и одведена назад во Мосул, а јас останав во Сирија – раскажува девојчето.

Во Рака ја омажиле за Палестинец, кого го убила со пиштол кој го набавила од неговата чистачка. Побегнала, но немала каде да се сокрие. Едниствено место што го познавала во Рака била куќата во која милитантите ги држеле по доаѓањето во Сирија. Исламистите не ја препознале, па повторно ја продале. За 1000 долари ја купил борец од Саудиска Арабија.

– Ми рече ќе ти го променам името во Абеер, да не те познае ни мајка ти. Ќе станеш муслиманка и тогаш ќе те оженам. Но, јас не сакав да прејдам во ислам и побегнав – раскажува девојчето додавајќи дека на мажите во куќата им ставила некој прав во чајот од кој заспале.

Овој пат имала повеќе среќа. Сретнала маж кој ја однел во Турција, каде што се нашла со нејзиниот брат. Тој потоа платил 2.000 долари на шверцери за да ја вратат на северот на Ирак. Сега живее со неколку семејства Јазиди. И натаму не знае каде ѝ се сестрите, мајка ѝ, татко ѝ и другите нејзини браќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top