| четврток, 6 декември 2018 |

Актерот од „Деца на сонцето“ усмртил жена со автомобил

Zagreb, 27.02.2012 -  U kinu Cinestar u Avenue Mallu odrzana je novinarska premijera filma Ljudozder vegeterijanac

Познатиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ предизвикал сообраќајна несреќа во која животот го загубил пешак, јавува „дневник.хр“.

Несреќата се случула вчеравечер на автопатот А3 во близина на Загреб, кога најпрво невнимателен возач ги урнал знаците за предупредување, кои означувале дека на автопатот се работи, а потоа побегнал од местото. Малку подоцна на тој дел налетал друг автомобил на кого во моментот му пукнала гума. Во него имало маж и две жени кои излегле од автомобилот и почнале да ја менуваат гумата. Но, тука не завршила драмата…

На нив налетал автомобил со кој управувал актерот. При ударот, една од жените била потешко повредена, а, за жал, подоцна во болница им подлегнала на повредите.

– Не сум сериозно повреден, но не можам да зборувам – рекол актерот во телефонски разговор за „Дневни аваз“.

Хаџихафизбеговиќ ѝ е познат на македонската јавност по улогите во филмовите „Караула“ и „Деца на сонцето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top