| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ќе ги прими акредитивите на амбасадорите на Турција и на Шпанија

Gjorge-Ivanov-int80-740x320-topПретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Турција и на Кралството Шпанија во Република Македонија.

Акредитивните писма ќе му ги предадат на претседателот Омур Шолендил, новоименуваниот амбасадор на Република Турција, и Рамон Абароа Каранса, новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top