| четврток, 6 декември 2018 |

Собрани 5,4 милијарди долари на донаторска конференција за Појасот Газа

Indefinite ceasefire in Gaza Strip holding

Норвешкиот министер за надворешни работи Борг Бренд синоќа изјави дека на меѓународната донаторска конференција за обнова на Појасот Газа по седумнеделната војна меѓу Израел и Хамас, се ветени 5,4 милијарди долари.

Тоа е многу повеќе од поставената цел од четири милијарди долари. На вчерашната еднодневна конференција учествуваа претставници на 50 земји и 20 регионални и меѓународни монетарни и хуманитарни организации.

Катар најави помош од една милијарда долари, а Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Турција по 200 милиони долари.

Американскиот државен секретар Џон Кери најави 212 милиони, а ЕУ 568 милиони долари.
За време на 50-дневната војна меѓу Израел и Хамас загинаа 2.200 Палестинци, во најголем дел цивили и околу 11.000 се повредени, додека над 100.000 се без покрив над глава. На израелска страна загинаа 73 лица, во најголем дел војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top