
Заменикот на шерифот привел една двојка поради возење во пијана состојба, но тие оваа прилика ја искористиле за да имаат секс на задното седиште на полициската кола. Тревис Хасник (33) и Хедер Бестен (29) од Оконто Каунти (САД) се уапсени на 3. август, откако заменикот на шерифот го прекинал нивниот сексуален однос и конечно успеал да ги раздвои.
На судењето кое се одржа деновиве, Хасник беше осуден на 90 дена затвор, во што беше вклучено и времето поминато од 3. август.
Неговата девојка Бестен доби 45 дена затвор, поради возење под дејство на алкохол и недолично однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


