За повеќемина, чоколадото е забрането овошје, но малкумина знаат дека тоа е здраво. Во него се наоѓаат голем број антиоксиданси кои ги спречуваат болестите на срцето и кои нè прават подобро расположени и тоа со минимална доза кофеин. Но, сево ова се однесува на темно, стоотстотно чоколадо кое е минимално обработено. Значи, колку е потемно чоколадото, толку е поздраво!
Еве пет причини зошто е здраво темното чоколадо:
1. Преполно е со антиоксиданси
Темното чоколадо и какаото имаат исто влијание врз организмот како и зелениот чај или боровницата. Чоколадото се прави од зрна какао кое расте на дрвја и е преполно со хранливи материи.
2. Добро е за срцето
Здравјето на срцето зависи од отворените, флексибилни артерии кои работат без блокади и на тој начин успешно ја спроведуваат крвта по телото. Природните состојки во темното чоколадо и какаото помагаат во протокот на крвта и намалување на крвниот притисок, а научниците докажаа дека какаото ги прави артериите поздрави.
3. Добро е за мозокот
Во чоколадото се наоѓа голема концентрација теобромин, природен стимулатор и молекуларен „братучед“ на кофеинот. Неодамна е докажано дека теоброминот го смирува рефлексот на кашлање и ја ублажува кашлицата. Исто така, чоколадото содржи фенилетламин кој го ослободува ендрофинот и предизвикува добро расположение и вљубување.
4. Позитивно влијае врз имунолошкиот систем
Одредени болести, како што е артритисот, се предизвикани поради слабиот имунитет. Флаванолите што природно се наоѓаат во темната чоколада и какаото докажано е дека ги потиснуваат слоевите кои создаваат такви имунолошки реакции во телото.
5. Ја зголемува интелигенцијата
Иако не е докажано дека интелигентните луѓе подобро поминувааат во животот, научницте докажаа дека луѓето што јадат флаваноли од какаото, постигнуваат подобри резултати на тестовите каде што се важни когнитивните функции.
Значи, слободно може да јадете чоколадо. Но, внимавајте, ова се однесува на темното чколадо бидејќи со додавање млеко во чоколадото се намалува функцијата на антиоксидансите. Како и во сè во животот, бидете умерени во јадењето чоколадо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.