Наспроти дематот на албанската тајна служба ШИШ на тврдењата дека надвор од законските овластувања таа прислушувала политичари, во јавноста беа обелоденети имињата на прислушуваните во периодот од 2012 до 2014 година, јави дописникот на МИА.
Во извештајот на Групата за контрола на работата на ШИШ, што го објавија албанските медиуми, стои дека, меѓу другите, биле прислушувани и актуелниот албански премиер Еди Рама, претседателот на Собранието Илир Мета, неколку сегашни министри и високи раководители на владејачката Социјалистичка партија на Албанија.
Прислушувани биле и актуелниот лидер на демократите и градоначалник на Тирана, Лулзим Баша, првиот човек на државната висока контрола Бујар Лескај, лидерот на партијата на грчкото малцинтсво, Партијата за заштита на човековите права, Вангел Дуле, обвинители, како и пратеници од сегашната владејачка, а тогаш опозициска, Социјалистичка партија, како и ма Демократската партија, која сега е во опозиција, но и познати новинарски имиња.
Тоа, ако што оценуваат медиумите, е обид Бериша да ги има под контрола и опонентите и неговите партиски соработници, но и медиумите.
– Прислушувани биле политички конкуренти на експремиерот, експретседател на Албанија и екслидер на Демократската партија, Сали Бериша, чиј близок човек е актуелниот директор на тајната служба ШИШ, Вишо Ајази Лика, констатира весникот „Шекули“.
Извештајот бил усвоен од страна на парламнетарната Комисија за безбедност на која присуствувале само пратениците од власта, бидејќи опозицијата и натаму ја бојкотира работата на законодавниот дом. Овој документ нема да биде разгледуван на парламентарна седница, поради доверливите информации кои ги содржи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија