Поранешниот албански премиер Сали Бериша ја обвини Владата на неговиот наследник Еди Рама дека ја носи земјата во економска рецесија, јави допиникот на МИА.
Бериша нагласи дека анализирајќи повеќе официјални бројки, дошол до констатација дека Албанија чекори директно кон грчкото сценарио, на кое, како што рече,ј предупредил уште пред една година кога албанската Влада зема кредит од стотици милиони евра.
– Веќе три месеци се занимавам со бројките од вториот квартал и повторно резултатот е рецесија. Резултатот е вистинска драма за Албанците, изјави Бериша, додавајќи дека не очекувал толку брзо, уште во првата година од владењето на Еди Рама, земјата да оди кон грчкото сценарио.
Само неколку дена преходно, Бериша, во обраќањето до делегатите на Собранието на Демократската партија, чиј лидер беше повеќе од две децении, повика на масовни антивладини протести со цел соборување на Владата предодена од, како што рече, „кликата Рама-Мета“.
– Состојбата во земјата е алармантна, албанските граѓани се во се потешка економска состојба, безбедноста е на нула, а власта соработува со криминалци. Евроинтергациите на Албанија се можни само ако Албанците ја соборат владата на левицата, која е носител на криминални активности и нарко шверцот, рече Бериша.
Според него, Владата на премиерот Еди Рама и неговиот коалициски партнер Илир Мета претставува „опасност за стабилноста на Албанија“ и е „најопсна Влада во Европа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.