| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ги зголемува резервите на злато

злато

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), вкупното количество на златни резерви на Руската Федерација кон крајот на август изнесувало 1112,5 тони, што е за 77 тони повеќе од јануари. Русија така ги надминала Кина и Швајцарија.

Повеќе златни резерви од Русија имаат само САД (8.100 тони), Германија (3.300 тони), Италија (2.450 тони) и Франција (2.435 тони).

Според изворите на германскиот дневен весник Велт, Русија откупува злато веќе неколку години, почнувајќи од кризата во 2008 година, и тоа го прави без многу публицитет.

Германскиот весник пишува и дека 70 отсто од резервите на Русија се долари и евра. Според мислењето на експертите, зголемувајќи го уделот на златото во вкупните резерви, Банката на Русија го намалува уделот во долари и евра.

Долга низа години истото го прави и Кина, која ги има најголемите доларски резерви во светот.

Експертите сметаат дека главната причина за тоа што Русија доларите и еврата ги менува со злато е недовербата во американскиот долар и политичката положба на САД во целост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top