По паниката која ја предизвика сомнителен случај на заболен со ебола во Македонија, српските власти ги зајакнуваат мерките за превенција на опасната болест на своја територија.
Од денеска на српските аеродроми започнува мерење на телесната температура на сите патници кои доаѓаат од критичните подрачја за овој вирус, за што биле набавени специјални топломери.
-Се придржуваме на сите препораки на Светската здравствена организација. Со оглед на тоа што еболата влезе во Европа, одиме на повисоко ниво. Затоа на аеродромот во Белград започна да им се мери температура на патниците – вели министерот за здравство Златибор Лончар.
Тој објаснува дека започнала итна набавка на потребната заштитна опрема и се преземаат сите соодветни первентивни мерки.
-Нема место за паника. Оваа работа ја држиме под контрола – уверува Лончар, барајќи да не се создава паника со непроверени информации.
Здравствените власти одлучиле, доколку се појави сомнителен случај на ебола во Србија, карантинот да биде во хотелот „Национал“, покрај автопатот Белград-Загреб, а одлуката треба да ја потврди и српската Влада.
Од утре, седум екипи на српското Министерство за здравство ќе тргнат низ земјата за да ги едуцираат сите оние кои по природата на својата работа се во ризик да бидат заразени со ебола
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.