| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки-мун повика на прекин на борбите во Либија

ban ki mun Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги повика сите страни во конфликтот во Либија да ги прекинат судирите, откако вчера допатува во ненајавена посета на либиската престолнина Триполи.

Тој истакна дека сите групи би требало да престанат да се судираат, истакнувајќи дека ако тоа веднаш не се случи, просперитетот и подобриот живот ќе останат само далечен сон за народот на Либија. 

Бан денеска треба да се сретне со претставници на либиските политички партии во настојување да ги унапреди преговорите за ставање крај на растечките немири во северноафриканската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top