„Грчко и македонско грозје ќе ја спасува домашната ракија поради слабата жетва кај нас годинава. Дождовите и градот уништија речиси половина грозје во земјата и цените двојно скокнаа. Затоа во пограничните региони масовно се купува грозје од Грција и од Македонија, каде жетвата не настрада толку, а цените на место се доста пониски отколку на берзите во Бугарија“, пренесува бугарскиот „Труд”.
„Грозјето, купено од Прилеп, Кавадарци и други населби во Македонија, излегува по 60 – 65 стотинки за килограм, а на пазарот во Ќустендил е над 1 лев, па и до 1,50 лева. Родопчани исто купуваат грозје по 40 – 50 стотинки за килограм од грчките села околу Ксанти и Комотини, наместо да даваат од 0,70 до 1 лев кај нас“- пренесува весникот жител на Бугарија.
Според податоците на бугарското министерство за земјоделство, жетвата на грозје оваа година ќе биде за 40 проценти послаба од минатогодишната. Од тоа можат да излезат не повеќе од 90 илјади тони вино, за разлика од ланските 170 илјади тони, анализира „Труд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.