| четврток, 6 декември 2018 |

Британија го крева алармот заради тероризам, следи илјадници

boris_johnson_main_reutersБританските служби следат илјадници луѓе во Лондон и проценуваат дека барем третина од 500-тината британски борци кои заминаа во Сирија и Ирак се од Лондон, посочи лондонскиот градоначалник Борис Џонсон.

-Безбедносните служби секојдневно учествуваат во голем број операции, а во Лондон веројатно следиме и неколку илјади лица. Тука, во лондон сме многу внимателни и многу, многу загрижени- го пренесе Џонсон весникот Дејли телеграф.

Властите проценија дека околу 500 Британци заминале во Ирак и Сирија и се загрижени дека некои од нив би можеле да се вратат во Велика Британија за да извршат напади. Затоа земјата го подигна степенот на алармантност на „сериозно“, со образложение зараади терористичка закана од повратниците извежбани во судирот на Блискиот Исток. Во петокот шефот за борба против тероризмот на Скотланд Јард Марк Роули ги предупреди полицајците дека може да бидат цел на напад

-Степенот на алармантност за полицајците и членови во власта е подигнат, но ние сме навикнати на ризик и опасност и добро сме подготвени- посочи Роули.

Петмината уапсени оваа недела во Лондон во рамки на истрагата против терорисмот и натаму се под надзор.

Убијците на новинарите и хуманитарците од редовите на групата ИДИЛ, кои упатуваа пораки преку видео материјали, збореа англиски јазик со британски акцент.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top