| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ветува три вакцини против ебола

Ebola-vaccineРусија до шест месеци ќе може да достави три вакцини против вирусот ебола, изјави денеска рускиот министер за здравство Вероника Скворцова.

– Создадовме три вакцини и сметаме дека тие ќе бидат готови во рамки на наредните шест месеци, рече Скворцова.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека 4.033 лица во светот починале од вирусот ебола.

Најзасегната држава од болеста е Либерија, каде жртвите се 2.316, по која следуваат Сиера Леоне и Гвинеја, каде починале соодветно 930 и 778 лица. Девет лица починале во други држави, вклучувајќи ги САД, Шпанија, Сенегал и Нигерија. 

ebola opstaСЗО, која ја изготвува статистиката врз база на собрани податоци од здравствени власти, соопшти дека има 8.399 сомнителни или потврдени случаи на заболените од ебола.

Три лица во Мали се подложија на експериментална вакцинација. Доброволците се меѓу 40 малиски здравствени работници, кои се согласија да учествуваат во испробувањето на вакцината cAd3-EBO-Z, разработена од Националниот институт за алергиски и инфективни заболувања во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top