Потпретседателот на босанската надворешнотрговска комора Бруно Бојиќ најави дека во Брисел од претсавници на ЕК и на дирекцијата за проширување ќе бара производителите од БиХ непречено да ги извезуваат во Хрватска своите производи, а сето тоа „по основ на традиционалната трговија меѓу двете земји“.
Откако лани во јули Хрватска стана членка на ЕУ, на многу босански фабрики им е забранет извоз во неа, особено на прехрамбените производи со што им е намаленн пазарот и им е нанесена огромна материјална штета.
– Критиката во извештајот заради непридржувањето на БиХ кон санкциите на ЕУ кон Русија исто така е некоректна, бидејќи економскиот интерес на БиХ е зголемување на извозот на сите достапни пазари- додава Бојиќ.
-За евентуално учество на БиХ во санкциите за возврат од ЕУ не ни е понудена никаква компензација, напротив, само зголемена закана со зголемување на увоз од ЕУ по нереално ниски цени и тоа на оние производи кои веќе не може да се пласираат во Русија. Значи, повторно се очекува од БиХ да делува на сопствена штета, без никаков надомест или возвратна корист- додава Бојиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.