Албанскиот Уставен суд ќе ја преиспитува новата територијална поделба на земјата. Албанцските опозициски Демократи доставија барање до Уставниот суд за преиспитување на Законот за нова административно територијална поделба. Пратеникот Оерд Булукбаши изјави дека доколку овој закон почне да се применува владејачкото мнозинство ќе ги добие изборите на маса, а не на демократски и вистински пат.
– Бараме Законот да биде прогласен за антиуставен и истиот да се поништи. Сметаме дека при донесувањето на законот се направени флагрантни кршења на Уставот, било од процедурален аспект на неговото донесување па се до кршење на правата загарантирани со Уставот. Законот е донесен само со гласовите на пратениците од владејачкото мнозинтво, изјави Булукбаши.
За разлика од демократите кои законот го оспоруваат од овој аспект, Македонците тоа ќе го направат поради припојувањето на македонските општини од областите Гора и Голо Брдо кон мнозински албански општини, со што ќе се реализира целона асимилација.
– Барање за испитување на уставноста на законот ќе доставиме деновиве, односно првите денови од наредната работна недела. Тоа е веќе при крај на подготовка од нашиот адвокат. Во никој случај не можеме да се согласиме со ваков закон за територијална поделба, вели Васил Стејовски генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција.
Тој повторува дека ставот на Македонците е познат, освен Пустец, која останува како самостојна локална единица со законот, трите општини во Голо Брдо, Требиште, Острени и Стеблево, да се припојат во една и да се именуваат Голо Брдо, исто како и општините Топојан, Шиштатвац и Запот кои би се именувале како Гора.
Освен Македонците и Грците се против овој закон со кој им се брише општина Химара, но и Здружението на локалните единици кое бара да има од 80 до 100 општини.
Законот беше усвоен на 31 јули со 88 гласови „за“ еден против и еден воздржан, без присуство на опозицијата. Со него од 373 општини територијалната карта се намалува на 61. Претседателот Бујар Нишани не го потпиша и го врати во Парламентот, кој без никaкви корекции или расправа повотрно го усвои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


