ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник, Денот на народното востание, 11-ти Октомври.
-Македонија пред 73 години обединето се крена за своја национална слобода и за своја државност. Мотивот за народното востание беше свет, да се избори слободата, вечниот стремеж на генерации македонски херои. Саможртвата и идеалите на борците се должни за почит и од нас и од сите идни поколенија, но и завет да ја продолжиме нивната голема мисла и дело, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
11-ти Октомври беше и останува еден од симболите на македонскиот непокор. Сонот за слобода на татковината кој живееше со векови се разгори во општонародна борба до конечната цел, извојување на победа, слобода и достоинство на нашиот народ. Нека е вечен празникот 11-ти Октомври. Нека е вечна Македонија, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво


