| четврток, 6 декември 2018 |

Владини делегации ќе положат цвеќе по повод 11 Октомври во Скопје, Прилеп и Куманово

Во 11:00 часот, владина делегација во состав Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура, Љупчо Пренџов, заменик министер за локална самоуправа и Фуркан Чако, министер без ресор ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто и споменикот на паднатите херои за Македонија.

Пред Мoгилата на непобедените во Прилеп,владина делегација во состав Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација и Јовица Андоновски, заменик министер за здравство денеска во 09:30 часот, ќе положи свежо цвеќе.

На Спомен костурницата во Куманово, пo повод 11 Октомври – Ден на народното востание, владина делегација во состав Христијан Делев, заменик министер за економија, Драган Недељковиќ, заменик министер за култура и Неждет Мустафа, министер без ресор, денеска во 11:00 часот, ќе положи свежо цвеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top