Најдоцна до понеделник ќе се знае дали има поклопување на ДНК профилот на таткото на Дениса Маркоска, со оној на пронајденото тело, со што ќе се открие и идентитетот на мртвата девојка за која постои сомнеж дека е исчезнататa прилепчанка, пишува Вечер.
МВР преку Интерпол добиле и официјално известување дека профилот од таткото на исчезнатата Дениса пристигнало во Атина. Интерпол нема должност да ја извести македонската полиција за резултатите од споредбата, но поради добрата соработка од МВР се надеваат дека ќе бидат навреме известени дали се работи за Дениса.
Од резултатите на споредбата ќе зависи и текот на истрагата. Доколку се работи за Дениса тогаш тамошното обвинителство ќе треба да каже како ќе продолжи истрагата , односно дали девојката е убиена, дали се работи за самоубиство или пак за несреќен случај.
Во другиот случај пак, доколку телото не е на исчезнатата 23 годишна прилепченка, тогаш таа најверојатно ќе биде прогласена за исчезната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст