Секој ден 39 илјади малолетни девојчиња се мажат за возрасни мажи. За да се привлече вниманието кон оваа тема, Норвешка почна кампања. Во кампањата нема да се користАт вообичаените тактики, како телевизиски реклами и летоци.
На 11 октомври 12-годишната Теа од Норвешка ќе се омажи за 37-годишниот Гир доколку општеството не се обиде да ги спречи. Зад оваа кампања стои норвешка организација која е посветена за подобра иднина на децата од земјите во развој. Планираната свадба ќе се совпадне со Меѓународниот ден на девојчињата. Целта на организацијата е да ја обелодени ужасната практика. Многу девојчиња мечтаат за својата свадба и тој ден се смета за еден од најсреќните во животот, пишува на веб-сајтот на кампањата. Но, за 39 илјади млади девојчиња, кои се венчаат секој ден, денот на нивната венчавка е најлошиот ден во нивниот живот. Идната невеста седмоодделенката Теа на својот блог постојано објавува детали околу подготовката за свадбата – каква ќе биде тортата, каква ќе биде венчаницата и сѐ останато околу големиот ден.
– Секогаш сум сакала да станам ветеринарен лекар, да работам цел ден со коњи и други животни, но денес разговарав со мама и таа ми рече дека кога ќе се омажам, нема да можам да работам или да одам на училиште – напиша Теа на својот блог.
На блогот има фотографии и стории за други малолетни девојчиња од цел свет. Организаторите тврдат дека нивната кампања има ефект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Норвешка бара 90.000 работници: Работите по 8 часа на ден, а платата ќе ви биде 7 000 евра
-
Влезе во историјата: Новрешка е најуспешна нација на ЗОИ, подобра и од Америка





