Доставувањето млеко за македонските војници е прекинато бидејќи компанијата од која АРМ зема млеко не го испорачала соодветниот квалитет, пишува весникот „Вест“.
Генералштабот на АРМ не го открива името на производителот, но вели дека проблемот набрзо ќе биде решен.
– Наместо 3,2 проценти масленост, извесен период нам ни било доставувано млеко со 2, 8 проценти масленост. Доставувањето е прекинато штом го утврдивме пропустот – вели за „Вест“ портпаролот на Генералштабот на АРМ, Мирче Ѓоргоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.