| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија со нов костим за заштита од ебола

 

ebolaВелика Британија презема нови мерки за заштита од вирусот ебола. Обединетото Кралство ќе ѝ достави на Сиера Леоне костими за заштита од опасниот вирус. Тие се дел од активностите на Лондон за спречување на ширењето на смртоносната болест.

Костимот е произведен од компанијата „Арко“, го покрива целото тело – од главата до прстите на нозете – и ќе се уништува по употребата. За поголема сигурност костимот има и специјален визир наместо очила.

Костимот нуди четврт степен на заштита, иако изгледа како облека од хартија. Секој раб на овој костим е покриен со заштитна лента со што се гарантира максимална заштита на луѓето, објасни извршниот директор на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top