| четврток, 6 декември 2018 |

Железничката станица во Скопје до мај 2015 година ќе добие нов изглед

станица

-Железничката станица во Скопје најдоцна до мај следната година ќе добие нов лик. Проектот за реновирање на станицата ќе го подобри севкупниот квалитет на услуги за патниците и зголемување на техничките стандарди и капацитети на станицата – најави директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, при денешниот увид на градежните активности.

Проектот за реновирањето го изготви германската фирма „Гронтмеј“,  а реализацијата ќе чини 2,9 милиони евра, обезбедени од ЕУ преку ИПА фондовите.

– Железничката станица во Скопје, која беше пуштена во употреба пред 33 години, во тоа време претставуваше најмодерен сообраќаен центар не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. Станицата низ која дневно поминуваа по 70 воза и околу 7.000 патници со својот специфичен изглед и градба претставуваше врв на архитектурата за тоа време. Од тогаш немало ниту еден поголем инвестициски зафат, а сегашните активности ќе придонесат за враќање на нејзиниот сјај – изјави Асани.

Во подобрување на квалитетот на услугите за патниците, посочи,  акцентот е ставен на патниците со инвалидитет, намалена мобилност и специјални потреби.

Со проектот, информира, е предвидена изградба на два нови лифта за качување на патниците на пероните, нов лифт платформа за лица со инвалидитет и за патници со поголем багаж, подигнување на нивото на постоечките перони за 55 сантиметри, односно на ниво на платформата на вагонот.  Ќе има нов информациски систем и систем за разглас, електронски систем за влез во станицата, приспособување на паркинг просторот, подобрување на осветлувањето и  климатизацијара, изработка на специјални ребрасти патеки за слепите лица, како и звучни сигнали. .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top