| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, во болница

Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов (83), се наоѓа во болница, но вели дека е решен да се бори за својот живот, објавија денеска руските агенции.

– Состојбата на моето здравје веќе една недела е променлива и од денеска сум во болница. Здравјето ми се влоши – изјави Горбачов, објавија „Риа Новости“, а пренесува АФП.

Тој рече дека неговата состојба се следи на медицински апарати, но не е прецизирана причината за болеста ниту во која болница се наоѓа.

– Мојот карактер ви е познат, одлучен сум да се борам за својот живот – вели Горбачов.

Последниот лидер на некогаш големиот Сојуз минатата година беше хоспитализиран во јуни, но поради систематски преглед. Според извештаите на медиумите, Горбачов има проблеми со дијабетес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top