| четврток, 6 декември 2018 |

Европски ден на дарување органи: За 10 месеци во Македонија се извршени 32 трансплантации

Секоја втора сабота во октомври се одбележа Европскиот ден на органодарителството, а европскиот ден на дарување органи денеска трета години по ред ќе биде одбележат во Македонија

nefron (Custom)

Од година в години расте бројот на извршени трансплантации во Македонија. Од почетокот на година до денес се извршени 32 трансплантации на органи од кои 12 се од починат донатор, информираа од Фондот за здравство во пресрет на Европскиот ден за дарување органи.

– Вкупно шест семејства несебично донирале органи од починат и дозволиле да се спасат други животи. Изразуваме голема благодарност до сите семејства, кои треба да бидат поттик за сите да бидеме хумани. Донаторите на органи не ги забораваме, напротив, тие, како и крводарителите, се ослободени од патриципија во здравството – изјавија од Фондот за здравство.

Секоја втора сабота во октомври се одбележа Европскиот ден на органодарителството, а европскиот ден на дарување органи денеска, трета години по ред, ќе биде одбележан и во Македонија.

По тој повод и со дозвола од Европскиот директорат за квалитет на лекови и медицина, „Нефрон“ ја преведе и ја објави брошурата „Органодарителство – ајде да зборуваме за тоа“, која е збир на информации за донирањето органи за трансплантација, лекувањеи и спасување друг живот.

– Во брошурата се содржани сите важни информации кои ќе му помогнат на обичниот човек да ја осознае суштината на медицинската процедура на трансплантација и на дарувањето органи по смртта како највисок хуман акт и чин на човекољубие со кој може да се спаси друг живот – соопштија од „Нефрон“.
Утре, на 11 октомври, напладне во повеќе градови во Македонија активисти и поддржувачи на „Нефрон“ ќе излезат на плоштадите и ќе поделат едукативни материјали. Активисти ќе има во Скопје, Прилеп, Струмица, Неготино, Куманово, Берово, Делчево, Кочани, Велес, Македонски Брод, Кичево, Струга, Битола, Крива Паланка и во Радовиш.

Во Македонија има околу 1.300 пациенти на дијализа. Многу од нив се на листата на чекање за орган. Целата на овој ден е да се придонесе во подигнување на јавната свест за оваа постапка и да се информира секој граѓанин за можносите за донирање органи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top