| четврток, 6 декември 2018 |

Адријана Лима: Мојот сон не беше да станам моделка

Еден од најубавите модели на „Викторија Сикрет“, Адријана Лима откри дека не сакала да биде топ-моделка, која ги освојува срцата на мажите во светот.

За ноемвриското издание на „Вог“ Лима вели дека модата никогаш не ја интересирала, туку мечтаела да биде лекарка.

– Додека растев, не знаев ништо за облеката, креаторите и за модните магазини. Сон ми беше кога ќе пораснам да студирам медицина. Не знам што се случи, па станав моделка – вели бразилската убавица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top