Филип Јанески или на јавноста попознат како Фифи, конечно, ќе го промени својот пол.
Иако за неговата трансформација често се зборува во македонските, но и во балканските медиуми, овој пат реши сам да ја потврди оваа информација.
– Официјално, процесот на мојата транзиција е веќе почнат, првиот чекор е направен. Добив потврда дека сум транс-жена, со која ќе можам да ги почнам и терапиите. Пресреќна сум што ќе можам својот пол да го приспособам кон својот род – напиша Фифи на својот профил на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.