Астронаутот на НАСА, Реид Вајсмен, објави фотографија од најголемата овогодишна бура на Зејмата. Тајфунот Вонгфонг тргнува кон Јапонија, а се стравува дека може да биде силен како тајфунот Хаијан, кој минатата година усмрти повеќе од 8.000 луѓе на Филипини.
Се проценува дека тајфунот во следните денови ќе се засили и дека ветровите ќе достигнат до 260 км/ч. Досега се предизвикани помали штети, но експертите предвидуваат дека можат да го загрозат островот Окинава овој викенд.
– Нормално, тајфуните се најсилни кога се во тропските предели. Тие почнуваат постепено, а слабеат додека се движат кон суптропските регии и во умерените зони – коментираат метеоролошките агенции во Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.