Милитантите од Исламската држава користат древни записи за да привлечат нови регрути. Документот постар од 1.300 години е запис за тоа што рекол Мухамед, што направил или видел. Во еден дел, се споменува „орда што виори 80 знамиња додека се подготвува да ја нападне муслиманската војска во сирискиот град Дабик“.
Записот предпуредува и на „малахим“, исламска верзија на армагедон, кој ќе следува по големата битка кај Дабик. Милитантите го користат пророштвото како еден од идеолошките столбови во овој калифат. Поддржувачите на Исламската држава на социјалните мрежи почнале да бараат сличности меѓу пророштвата и случувањата на боиштата. Уверени се дека ИСИЛ е на праг на глобална победа, особено по освојувањето на градот Дабик во август.
Древното пророштво го користел и лидерот на Ал Каеда во Ирак Абу Мусаб ал Заркави. Пред да биде убиен во воздушен напад во 2006 година, Ал-Заркави на своите следбеници им порача: Искрата е запалена во Ирак и нејзниот пламен ќе расте се додека не се запалат крстоносните војски во Дабик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!