
Стивен Хокинг кој боледува од АСЛ (амиотрофична латерална склероза), го позајми својот синтетички глас за песната „Talkin’ Hawkin“.
Хокинг може да комуницира само со помош на направа која го синтетизира неговиот глас. Благодарение на неа, тој ќе се појави и на новиот албум на „Пинк Флојд“.
На албумот ќе се најде и музика која ја сними Ричард Рајт, основач на „Пинк Флојд“ кој почина во 2008, а кој беше коавтор на 12 песни.
Албумот треба да излезе на 10 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


