
Се заострува казнената политика за газдите кои нема да го почитуваат Законот за минимална плата. Според претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Живко Митревски – до сега , според нивните сознанија минимална загарантирана плата од 8.050 денари не исплаќаат 8% од работодавачите. Затоа, Синдикатот предложил, а Социо- економскиот совет прифатил измени во законот, каде казните за газдите ќе се зголемат до 100 отсто.
Исто така се предвидува и затворање на фирмата во одреден рок . Митревски во емисијата Бројки на Радио Слободна Македонија вели дека се уште не е точно дефиниран рокот, но најверојатно фирмите ќе бидат затворени 15 дена, а работодавачите после тоа, ако сакаат да продолжат да работат, ќе мора да ја исплаќаат загарантираната со закон плата.
Според Митревски – најголемиот дел од компаниите веќе исплаќаат и регрес за годишен одмор, а оние компании кои не го сториле тоа – имаат рок до крајот на годината да им исплатат на своите вработени К-15. За оние газди кои ќе им исплатат, а потоа бараат парите да им бидат вратени од страна на работниците – ќе одговараат кривично. Еден од приоритетите за следниот период на синдикалниот лидер и воведување регрес за годишен одмор и за вработените во јавната администрација. И покрај тоа што биле блииску до договор со Владат, за ова прашање се уште нема договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
На вработените во „Еурокомпозит“ линеарно ќе им се исплатат примања
-
Ветуваше поголеми плати и пензии, Заев сега вели нема да има нивно зголемување
-
Се кратат плати на Клиника за детска хирургија: За сестрите до четири, за лекарите и до 10.000 денари помалку


