
Најголемо намалување има на цените на шеќерот и на млечните производи, а потоа и на житарките и на маслото.
Цените на храната во светот во септември се намалија шести последователен месец што е најдолгиот период на траен пад од крајот на 90-тите години на минатиот век.
Производството на пченица во светот во 2014 година се очекува да достигне нов рекорд.
– Иако приносот на ориз малку може да се намали оваа година, резервите се огромни и се доволни за покривање на една третина од очекуваната потрошувачка во 2015 и во 2016 година – велат од ФАО.
Но, според ФАО, епидемијата со ебола во Западна Африка предизвикува голема загриженост на пазарите и земјоделската активност влијае врз безбедноста на храната за голем број луѓе.
Ситуацијата со храна во источна Африка се подобрува со почетокот на жетвата и иако цените на храната во регионот се стабилни или се намалуваат, тие се рекордно високи во Сомалија и во Судан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


