Во август годинава се издадени 155 одобренија за градење, што е за 10,7 проценти повеќе во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Предвидената вредност на објектите, според издадените дозволи, изнесува 904.534.000 денари што е за 54,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Најмногу одобренија, 44, во август се издадени во скопскиот регион, каде што Општина Центар издала 15, Карпош и Петровец по 8, Чучер Сандево 6…. По скопскиот следат полошкиот регион со 33, источниот со 23, југоисточниот со 16, пелагонискиот со 14, североисточниот со 9 одобренија за градење.
Од вкупниот број издадени одобренија, 100 (64,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 11 (7,1 процент) за нискоградба и 44 (28,4 проценти) за објекти за реконструкција. Кај 114 објекти (73,5 проценти) инвеститори се физички лица, на 41 објект (26,5 проценти) деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 165 станови, со вкупна корисна површина од 15.327 квадратни метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен
-
Облаци прав се креваат од градилиштето во Острово, каде следно ќе се гради?
-
Француски градежен гигант не сака да го гради ѕидот на САД со Мексико
-
За 14,2 проценти издадени повеќе одобренија за градење во ноември