Најмалку 43 лица утринава загинале во самоубиствен напад во центарот на Сана, каде што се собирале приврзаници на шиитските бунтовници кои го контролираат градот, соопштија јеменски агенции. Во нападот се повредени десетина лица, а меѓу настраданите има и деца. Јеменските медиуми наведуваат дека во нападот загинале 32 лица. Бомбашкиот напад е изведен во момент кога приврзаниците на бунтовниците се подготвувале да демонстрираат на плоштадот „Тахрир“ во Сана.
Шиитските бунтовници од август протестираат барајќи оставка од Владата. Претседателот на Јемен, Аебд Рабу Мансур Хади, ја распушти владата на почетокот на септември за да го прекине судирот на власта и Хутите, но тоа не ја прекина побуната на тоа племе од северот на Јемен. Хутите се нарекуваат со тоа име според нивниот духовен водач, свештеникот Хусеин Бадру Един ел Хути, кој го предводел востанието во 2004 година, а истата година е убиен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


