Универзална сала преку проект-платформата за развој на креативните индустрии и во соработка со деловниот сектор од нашата земја најави пет конкурси за изработка на нови креативни производи и услуги на кои може да учествуваат сите креативни индивидуалци, здруженија на граѓани и компании кои дејствуваат и творат во областа на креативните индустрии.
Компаниите ги повикаа креативците да учествуваат со свои идејни решенија за уметничка инсталација, препознатлива маскота, софтверски продукт или изработка на уникатна и лесномонтажна полица за поставување продукти со понатаму доколку бидат избрани ќе бидат соответно парично наградени и реализирани како проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


